Иван Николов со хет-трик блесна на првиот старт за Радник Бијелина! (ВИДЕО)

Иако е фудбалер од средниот ред, 23-годишниот Иван Николов постигна дури три голови во победата на Радник Бијелина над Крушево со 5-1 во меч од осминафиналето од Купот на Босна и Херцеговина.

Николов во финишот од преодниот рок од Сондерјиске премина во Радник Бијелина и веднаш го привлече вниманието на себе.

Тој дебитираше изминатиот викенд во меч против Сараево кога влезе во текот на второто полувреме, а денеска против Крушево доби шанса од првата минута и веднаш ја искористи.

Николов го одигра целиот натпревар, погоди во 34., 54. и 91. минута и сигурно си обезбеди стартна позиција за наредните мечеви на Радник.