Франк го водеше Тотнем само 38 натпревари, а отказот - богато ќе го наплати!
Данецот си заминува од Лондон само осум месеци по неговото доаѓање од Брентфорд кога за неговиот ангажман лондонскиот клуб плати 7.7 милиони евра, а тимот го остава на разочарувачкото 16. место во Премиер лигата, со само две победи во последните 17 првенствени натпревари.
Со оглед дека Франк потпиша тригодишен договор, неговото предвремено заминување ќе значи и дополнителен финансиски товар за клубот. Англиските медиуми проценуваат дека Тотнем ќе треба да му исплати околу 9,4 милиони евра на име отштета. Овој трошок дополнително ќе ги оптовари клупските финансии во контекст на Правилата за профитабилност и одржливост што може да влијае и врз плановите на клубот во летниот преоден рок.
Франк го водеше Тотнем на вкупно 38 натпревари и забележа само 13 победи, седум во Премиер лигата, пет во Лигата на шампионите и една во Карабао купот. Под негово водство тимот падна на 16. позиција на табелата, со само пет бода повеќе од зоната за испаѓање.