По осум меча без победа: Тотнем му „удри клоца“ на Томас Франк
Франк требаше да го препороди Тотнем, но од почетокот на 2026 година влезе во катастрофална серија од осум натпревари без победа.
Поразот од Њукасл очигледно ги премина сите граници на трпение на сопственикот на Тотнем, па утрово решил да го изненади Франк со отказ.
„Клубот донесе одлука да направи промена на тренерското место и Франк денеска ќе си замине. Томас беше ангажиран во јуни 2025 година и бевме посветени да му дадеме време и поддршка, меѓутоа резултатите и настапите ја натераа управата да донесе неопходна одлука“, соопшти тимот.
Фото: Facebook/Tottenham Hotspur