Арбелоа отпиша фудбалер кој одигра над 200 натпревари за Реал Мадрид!?

Реал Мадрид идното лето планира да направи ремонт на екипата, па дел од фудбалерите ќе си заминат, а еден од нив најверојатно ќе биде Едуардо Камавинга.

„Кралевите“ сакаат да купат нов фудбалер за врска, а се шпекулира дека тоа ќе биде Енцо Фернандез од Челси, што значи дека повеќе нема да има место за Камавинга во екипата.

Тренерот Алваро Арбелоа не е задоволен од Камавинга и смета дека Французинот нема квалитет да го носи дресот на „кралевите“, па поради тоа ќе му дозволи да замине идното лето.

Камавинга пристигна во Мадрид во 2021 година и одигра над 200 натпревари за шпанскиот гигант.

Фото: Facebook/Real Madrid C.F.