Работнички ја засили одбраната со Холанѓанец (ФОТО)

Македонскиот прволигаш Работнички продолжи со засилувањата на својот состав, па така денеска го промовираше дефанзивецот Џастин Крантове.

Екипата од Дебар Маало потпиша со 25-годишниот Крантове, кој доаѓа од Тренчин од Словачка и треба да ја засили одбраната на Работнички во остатокот од сезоната.

Холанѓанецот преетходно во кариерата играше за младинските категории на Лестер, како и на АЗ Алкмар, но и во тимови како Слован Либерец, Отелос Атиен од Кипар и други.

Работнички се наоѓа на претпоследната позиција во домашниот шампионат и го чека тешка борба за опстанок во македонската елита.