Партизан има големи планови, го договори Раул Гонзалес!
Според најавите, Гонзалес на клупата на Партизан ќе седне од лето кога актуелниот тренер, Ѓорѓе Чирковиќ ќе замине.
Плановите на Партизан се големи, а во центарот на проектот треба да биде токму освојувачот на Лигата на шампионите со Вардар. Српскиот клуб оваа година доби покана за настап во Лигата на Европа на ЕХФ, а за наредната се надева и дека ќе дојде до Лигата на шампионите.
Веќе се откриваат и детали, Гозналес би требало да стави потпис на две години, односно до 2028, кога му истекува и соработката со Ракометниот сојуз на Србија.