Аталанта и Рома без проблеми со нови триумфи во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталанта вечерва триумфираа против Кремонезе со 2-1, додека Рома славеше со 2-0 над Калјари во 24. коло од Серија А.

Екипата од Бергамо постигна два гола во првото полувреме, и тоа преку Крстовиќ и Ѕапакоста за предност од 2-0.

ВАР-технологијата му поништи гол на домашниот тим во 91. минута, по што Кремонезе до крајот успеа да намали на 1-2 преку Торсби.

Рома брзо го заборави поразот од Удинезе и издоминира против Калјари, а победата ја обезбеди со двата гола на Мален во 25. и 65. минута.

Standings provided by Sofascore

Фото: Facebook/AS Roma