Димитриевски ја доби првата битка со Мбапе (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски вечерва е стартер за Валенсија во дуелот со Реал Мадрид, а мечот почна одлично за него.

Во 19. минута Килијан Мбапе доби одлична топка од Арда Ѓулер во шеснаесетникот на Валенсија, Французинот силно шутираше, но Димитриевски не дозволи да биде совладан меѓу нозе.

 

 

На социјалните мрежи веќе почнаа да се шегуваат дека македонскиот голман се претвора во Мануел Нојер секогаш кога игра брани против Реал. Во првиот половина час, тој веќе собра три одбрани.