Барселона победува, но има и долгови кон пет клуба - најмногу пари чека Лидс!

И покрај добрите игри на теренот, финансиската слика на Барселона и натаму е далеку од посакуваната. Шпанските медиуми откриваат дека актуелниот шампион сè уште има долгови од претходните трансфери на свои фудбалери.

Станува збор за вкупен долг од 162,84 милиони евра, а според достапните информации, клубот добил јасно предупредување дека до крајот на сезоната мора да исплати најмалку 142,78 милиони евра за да ја зачува финансиската стабилност.

Барселона во моментов има отворени долгови кон пет различни клубови. Најголемата сума, 43,07 милиони евра, ја должи на Лидс јунајтед за трансферот на Рафиња. Следуваат 25,96 милиони евра кон Севиља за Жил Кунде и 18,29 милиони евра кон Лајпциг за Дани Олмо.

Дополнително, каталонскиот гигант има обврска од 14,16 милиони евра кон Манчестер сити за Феран Торес, како и 10,03 милиони евра кон Баерн Минхен за Роберт Левандовски.

Кога се резултатите во прашање, ќе потсетиме Барселона во досегашниот дел од сезоната во Примера е лидер на табелата пред големиот ривал Реал Мадрид, избори пласман во полуфиналето на Купот на кралот, а обезбеди и место во осминафиналето на Лигата на шампионите.