Дејвис се пресели во Вашингтон, па доби катастрофални вести

Ентони Дејвис беше отпишан од Далас маверикс, по што се пресели во Вашингтон визардс, но за настап ќе мора да чека долго бидејќи се соочува со здравствени проблеми и ќе го пропушти остатокот од сезоната.

Дејвис има проблеми со дланката и препоните, а во Вашингтон решија да не го форсираат неговото враќање на терените.

Искусниот кошаркар има договор и за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција да ја продолжи соработката за 2027/28.

Дејвис беше одличен кошаркар, меѓутоа го уништија повредите во последно време и ќе мора да помине рехабилитација за повторно да се врати на паркетот.

Фото: Facebook/Dallas Mavericks