Државата ќе урне објект од милион евра, а може да го користи за Воздухопловна академија!
Содружниците во Аероклуб Скопје ДОО, во 2025 година поднеле две кривични пријави против поранешниот управител Дејан Саздовски, за сторени кривични дела „Бесправно градење“ и „Злоупотреба на службена должност“ согласно законите на Република Македонија
Ова поради тоа што објектот Ресторан на Спортски Аеродром Стенковец, Дејан Саздовски го изградил без градежна дозвола на државно земјиште и без соодветна одлука на содружниците на Аероклуб Скопје ДОО.
Европска Унија дала 100.000 € донација за изградбата.
Од Аероклубот апелираат дека Република Македонија законски може и треба да го заплени објектот, кој вреди еден милион евра.
Наместо да го руши во понеделник на 9. Февруари 2026, може да го намени за сопствени потреби, на пример како Македонски Воздухопловен Школски Центар, кој би можел да служи за обука на пилоти и други воздухопловни специјалисти, со оглед на актуелниот недостиг од таков кадар во Република Македонија, велат од Аероклубот.
Објектот е изграден на државно земјиште – зелена ливада и не претставува пречка за никого, ниту влијае врз нормалното функционирање на аеродромот или околината – повеќе од 5 години.
Владата може да одбере багери или бесплатен јавен објект вреден 1 милион евра, погоден за образование, спортски активности за младите и унапредување на државната инфраструктура.
Ќе видиме во понеделник… повелете на Спортски Аеродром Стенковец, додаваат од Аероклубот.