Медалите на ЗОИ 2026 во Кортина и Милано ќе бидат најскапи во – историјата!
Според истражување на „Си-Ен-Ен“, од ЛОИ во Париз 2024 до денес, цените на златото пораснале за 107 отсто, а на среброто дури за 200 отсто. Како резултат на тоа, вредноста на еден златен олимписки медал сега изнесува околу 2.300 долари, што е повеќе од двојно во споредба со златниот медал од Париз. Металната вредност на сребрениот медал достигнува околу 1.400 долари, што е речиси трипати повеќе од нивото пред две години. За време на Игрите во Италија ќе бидат доделени повеќе од 700 медали.
Сите медали се изработени од рециклирани метали, а традицијата олимписките златни одличја да не бидат од чисто злато датира уште од Олимпијадата во Стокхолм 1912 година. Денешниот златен олимписки медал содржи околу шест грама чисто злато, од вкупна тежина од 506 грама, додека остатокот е сребро. Сребрените медали се изработени од сребро со висока чистота, а бронзените – од бакар, со тежина од околу 420 грама.
За споредба, според лондонската аукциска куќа „Болдвинс“, металната вредност на олимписките медали од 1912 година денес би изнесувала помалку од 20 долари.