Организаторот откри: Ѓоковиќ ќе игра во Индијан Велс (ФОТО)

Фантастичниот настап на Австралија Опен е веќе минато за Новак Ѓоковиќ кој продолжува со плановите за продолжението на сезоната.

Од негова страна засега нема најави кој ќе биде следниот турнир на кој ќе настапи, но организаротот на Индијан Велс откри дека Србинот планира да учествува на првиот Мастерс во сезоната. Ѓоковиќ го има на официјалниот постер на турнирот, заедно со Алкараз и Синер што значи дека не очекува уште еден спектакл.

Тоа, сепак, нема да биде нешто ново бидејќи Ѓоковиќ и лани учествуваше на двата „врзани“ Мастерси во САД, Индијан Велс и Мајами. Во Индијан Велс загуби од Ван де Зандшулп во првото коло, а во Мајами стигна до финалето каде беше поразен од Јакуб Меншик.

Засега е неизвесно дали Ѓоковиќ ќе игра во Доха кон средината на февруари, на турнирот на кој исто така се пријавени и Синер и Алкараз.