Нокаут во Евролигата: Рогавопулос го патосира Лакиќ (ВИДЕО)
„Црно-белите“ буквално го растураат големиот фаворит и водат со 24 разлика по 30 минути игра, па играчите на ПАО очигледно не можат са го поднесат тоа. Нервозата кај грцчките кошаркари достигна кулминација во ситуацијата кога на Рогавопулос му беше досуден фаул во напад затоа што два пати го плесна по раце Аријан Лакиќ.
Кошаркарот на Партизан тоа бурно го прослави, но очигледмо беше дека сака дополнително да го испровоцира противничкиот кошаркар и тоа му успеа. Рогавопулос тотално ги загуби нервите и го патосира Лакиќ поради што веднаш беше исклучен.