Барди со еден гол учествуваше во „петардата“ на Коњаспор во Купот (ВИДЕО)

Коњаспор триумфира со убедливи 5-0 против Алиана во Купот на Турција, а македонскиот репрезентативец Енис Барди се запиша во листата на стрелци.

Барди беше стрелец на четвртиот гол на Коњаспор, откако турската екипа уште претходно со три погодоци го направи првиот чекор кон победата.

Македонскиот фудбалер испрати удар од поголема далечина, а лошата интервенција на противничкиот голман резултираше со гол за Коњаспор.

Фото: Facebook/Konyaspor