Ѓорческа ја совлада Германката Шунк и обезбеди четвртфинале во Порто

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа триумфира со 2-0 во сетови (6-2 и 7-6) против Германката Настасја Шунк и се пласира во четвртфинале на турнирот во Порто.

Ѓорческа беше незапирлива во првиот сет и успеа да направи искористи дури три брејк-топки за на крајот да слави со 6-2.

Шунк покажа поголем отпор и направи брејк за предност од 4-2, но Ѓорческа успеа да возврати и да израмни на 4-4. Двете тенисерки не успеваа да го задржат гемот на свој сервис, па на крајот мораше дуелот да се решава во тај-брејк, каде што славеше Македонката со 8-6.