Оклахома остана без првата ѕвезда - ќе го пропушти и Ол старот
Репрезентативецот на Канада ќе пропушти најмалку пет натпревари, почнувајќи од дуелот против Сан Антонио што се одигра синоќа, а кој Оклахома го загуби. Јасно е дека нема да настапи ни на Ол стар натпреварот што е на програмата на 15 февруари. Најрано би можел да се врати по паузата поради Ол стар викендот, против Бруклин на 20 февруари.
Отсуството на Гилџес Александер не би требало да има поголеми реперкусии врз изгледот на табелата бидејќи Оклахома е лидер на табелата во Западната конференција и има голема предност во однос на конкурентите. Сепак, постојат стравувања од посериозна повреда која може да ги уништи шампионските амбиции на Тандер, а Гилџес Александер да го исфрли од трката за МВП признанието.