„Бомба“ во НБА-лигата: Дејвис го напушти Далас, познат е неговиот нов тим!

НБА-ѕвездата Ентони Дејвис повторно е во центар на внимание, откако медиумите објавија дека Далас маверикс го трејдувале во Вашингтон визардс.

Далас во замена за Дејвис добија сериозен пакет од засилувања, односно пристигнуваат Крис Мидлтон, Еј-Џи Џонсон, Малаки Бранхам и Марвин Бигли.

Освен кошаркарите, Далас си обезбеди и два пика од првата рунда во драфтот и дури три избори во втората рунда, што јасно покажува колку бил подготвен Вашингтон да даде за потписот на Дејвис.

Фото: Facebook/Dallas Mavericks