Македонија ја доби организацијата на кадетското ЕП - дивизија Б!
Првенството ќе се одигра во летото кое следи со почеток од 5 до 16 август и во него ќе учествува и нашата селекција, а секако домашниот терен ќе биде дополнителен мотив за нашите млади кошаркари да се претстават во што подобро светло.
„Како федерација, со големо задоволство и целосна одговорност, ја прифаќаме оваа одлука на ФИБА Европа, која претставува уште една потврда за довербата во нашите организациски капацитети и искуство во реализација на меѓународни натпреварувања“, истакнаа од КФМ.
Наскоро се очекуваат и повеќе детали околу тоа каде ќе се играат натпреварите.