Ливерпул на сериозен тест, пристигнува астрономска понуда за Салах?
Заминувањето на Карим Бензема од Ал-Иттихад во Ал-Хилал на последниот ден од трансфер прозорецот го стави Салах на врвот на листата желби на саудискиот клуб, што би можело да ги стави сопствениците на Ливерпул пред тешка одлука.
Иднината на Салах во Ливерпул стана неизвесна по јавниот конфликт со тренерот Арне Слот, поради кој Египетанецот на почетокот на декември три натпревари по ред ги помина на клупата.
Двојката наводно ги решиле несогласувањата, но прашањата за неговиот статус остануваат отворени, особено поради падот на формата, бидејќи од 1 ноември Салај постигна само еден гол за Ливерпул. Ал-Иттихад наводно ја следи ситуацијата и сега е подготвен да го тестира Ливерпул со понуда која би им дала на сопствениците сериозен мотив да размислуваат за продажба.
🔴👋 Liverpool could soon be saying an emotional farewell to Mo Salah amid growing reports that a giant offer will leave FSG with little option but to cash in....https://t.co/ND9BDHy3AF #lfc
— TEAMtalk (@TEAMtalk) February 4, 2026
Салах ќе влезе во последната година од договорот ова лето и во јули ќе наполни 34 години, па искушението да се наплати еден од најдобрите играчи на Премиер лигата би можело да биде премногу големо.
Инаку, навивачите на Ливерпул имаат поделено мислење кога во прашање е заминувањето на Салах ова лето, дел сметаат дека треба да биде продаден, додека други мислат дека треба да го задржат до истекот на договорот.