Њуелс Олд Бојс има проект за 2027 година - кам бек на Меси
Потпретседателот на Њуелс, Хуан Мануел Медина, потврди за локалниот ТН дека таква идеја навистина постои во клубот.
„Работиме на тоа Лео да игра за Њуелс во првата половина од 2027 година. Но, во моментов, немам ништо повеќе да ви кажам од тоа. Овој проект е нешто што е повеќе од самиот Њуелс. Тоа е исто така проект на градот Росарио, целата покраина и аргентинскиот фудбал. Сè зависи од тоа што можеме да му понудиме на Меси во однос на инфраструктурата и натпреварувачкиот систем“, рече Медина.
Враќањето на Меси во Аргентина би бил вистински „бум“ бидејќи тој никогаш не играл сениорски фудбал за клуб во својата татковина. Кога имал само 13 години, Барселона го повлекла во Каталонија и таму ги помина најзначајните години од неговата фантастична кариера.
Прашањето над сите прашања е, секако, дали Меси воопшто сака да игра во аргентинската лига во 2027 година на 40-годишна возраст. И, покрај тоа, тој има договор со Интер Мајами до 2028 година.