МОК призна: Скијачот Лазарески бил суспендиран поради допинг!
Од претходно најавениот список отпадна Мирко Лазарески кој е суспендиран поради сомнеж за допинг, а на негово место на вчерашната прес-конференција се појави Виктор Петков, иако за тоа претходно немаше никаква најава.
„Врз основа на официјалниот извештај (Test Report) пристигнат од акредитираната лабораторија во Seibersdorf, Австрија, во еден од двата примероци утврдено е присуство на забранети средства кај спортистот во алпско скијање. Како резултат на строго и прецизно пропишаната процедура на WADA, до конечна потврда на наодот, процедурите предвидуваат времена суспензија на спортистот и се активира механизмот на замена од претходно утврдената листа на потенцијални кандидати („long list“).
Согласно овој официјален систем на рангирање, следен спортист со исполнета олимписка квота е Виктор Петков, кој по процедурален пат станува дел од официјалната делегација“, стои во објавата.