Арсенал во атак на четири трофеи (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал е првиот финалист во Лига Купот оваа сезона и со тоа го продолжи атакот на трофеите во сите четири натпреварувања во кои учествува.

Во реваншот на „Емирејтс“, Арсенал вторпат го совлада Челси, сега со 1-0, благодарение на голот во 97. минута. Стрелец беше Каи Хаверц, поранешниот играч на Челси со кого во 2021 година го освои најпрестижниот европски трофеј, со гол во финалето на Лигата на шампионите.

Челси не успеа да го победи својот градски ривал и во нивниот десетти меѓусебен дуел Арсенал во финалето на Вембли ќе се бори со подобриот тим од утрешниот реванш меѓу Манчестер Сити и Њукасл, во кој момците на Пеп Гвардиола ќе ја бранат предноста од 2-0 на својот стадион.