Вардар принудно го продолжи престојот во Турција!
Причината е доцнењето на летот од Анталија до Истанбул поради што вардарци го пропуштиле авионот со кој требаа да летаат од Истанбул до Скопје.
Фудбалерите вечерва ќе преспијат во Истанбул и би требало во Скопје да се вратат утре.
Вардар подготовките ќе ги продолжи во Скопје, а следен пријателски натпревар е хуманитарниот меч против Осогово во Кочани кој се игра в сабота од 14 часот.