Шкендија може да остане без уште еден дефанзивец - мета е на странски клубови!

Имран Фетаи би можел да ги следи стапките на Клисман Цаке и да замине од Шкендија, за него има интерес од Полска.

Играњето во Конференциската лига е вистинска промоција за фудбалерите на Шкендија, па се поголем е интересот за нив.

Според „xmksport“, Лех Познан е клубот кој е најзаинтересиран за Фетаи.

Но, се очекува во Шкендија да нема други заминувања до крајот на сезоната, особено не во дефанзивата. 

Покрај Фетаи, во тетовскиот клуб од централните дефанзивци кои останаа е само уште Анес Мелики, а на таа позиција во последно време тренерот го игра и Нуман Ајетовиќ.