Eкс-фудбалер на Интер ја загуби најважната битка - почина на 39 години

Поранешениот фудбалер на Интер, Николас Џани трагично почина на 39-годишна возраст, откако претходно и беше принуден да ја заврши кариерата поради тешка болест. 

Во редовите на Интер, Џани помина седум години во младинските категории од 1998 до 2005 година, а кариерата мораше да ја заврши пред три години. Сочувство до неговите блиски изразија и „нераѕурите“.

„Фудбалскиот клуб Интер изразува најдлабоко сочувство по повод смртта на Николас Џани, дефанзивец кој беше дел од младинскиот погон од 1998 до 2005 година. Клубот упатува најискрено сочувство до неговото семејство во овие тешки моменти“, стои во објавата.

Во сезоните 2006/07 и 2007/08 настапуваше како позајмен играч во Про Патрија, по што потпиша постојан договор со Виченца. Во текот на кариерата играше и за Перуџа, СПАЛ и Специја, а со СПАЛ во 2017 година ја освои титулата во Серија Б како капитен на тимот.