Милан ја разнесе Болоња и ја продолжи потерата по Интер (ВИДЕО)

Екипата на Милан ја победи Болоња како гостин со 3-0 во 23. коло од Серија А и го задржа чекорот со својот градски ривал Интер кој е лидер на табелата.

Победата на „росонерите“ во ниеден момент не беше доведена во прашање. Рубен Лофтус Чик отвори во 20. минута откако ја погоди небранетата мрежа, Кристофер Нкунку во 39. од пенал зголеми на 2-0, а Адриен Рабио во 48. стави точка на сите дилеми, користејќи ја грешката на противничките фудбалери.

Милан сега има 50 бода, пет помалку од Интер, додека Болоња го доживеа третиот пораз по ред и падна на десеттото место на табелата.