Лудница во Атина: ПАО и Реал одиграа меч што ќе се прераскажува со години (ВИДЕО)

Грчкиот вицешампион Панатинаикос го победи Реал со 82-81 во еден од најлудите натпревари во Евролигата, во историјата.

Шпанскиот гигант фантастично го отвори мечот, водеше со 14 разлика во првото полувреме, но ПАО се врати во игра во второто полувреме и дојде до предност. Драмата се случи во последната минута во која екипите дури четири пати се сменија во водство.

Реал водеше со 78-75 на 30 секунди пред крајот, Слукас во следниот напад намали на -1, а откако Абалде ја загуби топката, Ернангомес погоди тројка за 80-78 за Панатинаикос. Следуваше непромислен фаул на Џеријан Грент врз Хезоња за 2+1 по што Реал повторно поведе и тоа на осум секунди пред крајот.

 

 

ПАО имаше доволно време да организира напад, одговорноста ја презеде Грент кој успеа да погоди и да се извади за претходниот фаул, а со тоа и да му донесе победа на својот тим. Дури и последниот удар, со звукот на сирената, заврши во обрачот и предизвика стресе кај домашните навивачи.

За Реал оа е втор пораз во низа, но тимот остана на четвртата позиција на табелата, заедно со уште четири екипи кои имаат биланс 16/10.