Во Фенербахче бесни: Поради Канте ги обвинија саудијците за аматеризам!
Двата клуба постигнаа договор околу трансферот и Фенербахче требаше да плати отштета од колу четири милиони евра, но и во спротивен правец да го испрати Мароканецот, Јусф Ел-Несири.
Сепак, зделката на крајот пропадна бидејќи документите не биле доставени на време.
„Процесот со трансферот на Канте и Јусуф Ел Несири беше внимателно испланиран и спротивен од нашиот клуб во сите негови аспекти. Во склад со барањето на нашиот тренерски штаб постигнавме договор со играчите. Беа направени лекарските прегледи, добиени беа потребните дозволи и нашиот клуб ги заврши сите обврски. Документите за регистрација беа пополнети целосно точно во предвидениот временски рок.
Но, поради неточните информации кои другиот клуб ги внесе во Системот за управување со трансфери процедурите не можеа да бидат завршени и тоа не е нешто што е во наша контрола. Побарано беше продолжување на рокот, нашиот клуб разговараше со ФИФА и преземени беа сите чекори за ситуацијата да се реши. Меѓутоа и во процесот дополнително другиот клуб не ги заврши процедурите и за тоа не даде објаснување“, објави Фенербахче.