Тони Надал: Алкараз имаше многу среќа на Австралијан опен!

Поранешниот тренерот на Рафаел Надал, Тони Надал кажа дека Карлос Алкараз имал голема среќа на патот кон освојување на Австралијан опен.

Шпанецот во неделата го победи Новак Ѓоковиќ со 3-1 во сетови и така се закити со уште една гренслем-титула, но Тони Надал смета дека на патот кон финалето Алкараз имал слаби противници.

„Тој има неверојатни способности и одлична техника, но и среќа. Неговите ривали на патот кон финалето беа со низок квалитет. Претходно требаше да играте против тенисери како Дел Потро, Мареј, Вавринка, знаевте дека мечот ќе биде тежок“, објасни бившиот тренер на Рафа Надал.

ФОТО: EPA photo