Харден го напушта Лос Анџелес и се сели во бивш тим на Леброн!?

Најпознатиот НБА-инсајдер, Шамс Чаранија најави дека американскиот кошаркар Џејмс Харден наскоро ќе ја напушти екипата на Лос Анџелес Клиперс.

Харден сака да си замине, а Клиперс води преговори со неколку екипи, додека најсериозен кандидат за потписот на искусниот кошаркар е Кливленд кавалирс.

Американецот има 36 години и претходно играше за Оклахома сити тандер, Хјустон рокетс, Бруклин нетс и Филаделфија.