Баерн Минхен го „осигура“ столбот на одбраната до 2030 година!

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен реши уште едно важно прашање поврзано со составот, а станува збор за новиот договор на дефанзивецот Дајот Упамекано.

Упамекано имаше договор до крајот на сезоната со баварскиот гигант, па поради тоа се појавија шпекулации дека би можел да замине, а како една од дестинациите се споменуваше Реал Мадрид, но тоа нема да се случи.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Упамекано договорил соработка со Баерн до 2030 година, а наскоро ќе биде потпишан договорот.

Фото: Facebook/FC Bayern München