Кога Роналдо ќе викне - цела Саудиска Арабија застанува

Кристијано Роналдо официјално не е вклучен во тимот на Ал Наср за денешниот натпревар против Ријад откако синоќа јавно се побунил за тоа што, како што тврди, Националниот фонд (ПИФ) не вложува доволно во неговиот клуб и затоа тој не може да освои трофеи.

Којзнае дали е ова точно бидејќи според официјалните информации, по неговото доаѓање Ал Наср потрошил над 400 милиони евра само за отштета на засилувањата, но на Роналдо ни тоа не му беше доволно да се закити со пехар. Португалецот сега е многу лут, го крена својот глас, а тој се слушна низ цела Саудиска Арабија.

Влијанието на Роналдо во Саудиска Арабија е огромно. Затоа по неговиот крик, државата сигнализираше дека најавените трансфери на Бензема, Канте и Ен Несири треба да бидат запрени. Оваа вест се појави кратко откако протекоа информации дека Роналдо ги блокирал гореспоменатите трансфери, со барање и во Ал Наср да дојде звучно име.

Преодниот рок во Саудиска Арабија истекува вечерва во 22 часот. Засега нема најави за трансфер на фудбалер во Ал Наср, но се може да се смени во последен момент.