Скок од 12 места за Ѓорческа, повторно е во топ-200
Таа учествуваше во квалификациите за Австралија Опен каде помина една пречка, а потоа играше и на Челинџер во Порто каде исто така мина едно коло и тоа ѝ донесе бодови кои предизвикаа напредок. Таа сега повторно е меѓу најдобрите 200 во светот, поточно на 193. место, а во следниот период ќе се обиде да го достигне најдобриот пласман во кариерата – 170. позиција.
Оваа недела Ѓорческа нема да учествува на турнир и ќе се подготвува за она што ѝ претстои понатаму.