Газдата на Панатинаикос преку Инстаграм му порача на Атаман да - даде оставка!

Контроверзниот сопственик на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос преку социјалните мрежи побара од тренерот, неговите помошници и играчите да си одат од клубот.

Панатинаикос синоќа загуби на гостувањето кај Арис во меч од грчкото првенство, тоа беше втор пораз за нив во домашното натпреварување оваа сезона, па Јанакопулос збесна.

„Тренери, главен тренеру, помошници, сите... не знаете каде играте? Ова е Панатинаикос! Се надевам дека кога ќе се вратите. Ако имате пристојност, да се вратите во Атина, сите заедно ќе поднесете оставка со сите играчи. Играчи, тренери, помошни тренери, посрамени сте и кога ќе се вратите во Атина треба сите да поднесете оставка. Срамота!“, рече Димитрис Јанакопулос на социјалните мрежи.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Sportske.net (@sportskenet)