Бензема одбил европски гигант, сака да оди во друг клуб во Саудиска Арабија!

Карим Бензема се скара со управата на Ал Итихад и се верува дека ќе замине од клубот по крајот на сезоната кога истекнува неговиот договор.

Се шпекулираше дека францускиот напаѓач ќе се врати во Европа, но информациите велат дека тоа нема да се случи.

Интерес за него имало од Јувентус, Бензема го одбил италијанскиот гигант.

Наводно Европа не е негов приоритет, тој сака да остане во Саудиска Арабија, да се пресели во актуелниот лидер, Ал-Хилал.