Монако го истури гневот врз Рен и конечно победи во Лига 1
„Кнезовите“ беа во ужасна резултатска серија до вечерашниот меч против Рен, а Ансу Фати во 33. минута погоди за 1-0 и најави подобри времиња за Монако.
Монако продолжи со нападите во вториот дел и набрзо преки Аклиуш зголеми на 2-0, а до крајот на средбата погодија и Кулибали и Идумбо за победа од 4-0.
Со оваа победа, Монако стигна до 27 бодови и се наоѓа на 10. позиција во Лига 1, додека Рен е на шестото место со 31 бод.
Фото: Facebook/AS MONACO