Несторовски промаши пенал, Славен Белупо загуби од Вараждин
Славен Белупо погоди преку Ковачиќ во осмата минута, но голот беше поништен поради офсајд, по што Вараждин погоди преку Мамут и Мамиќ за водство од 2-0.
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски во 80. минута имаше голема шанса да намали на 1-2, но не реализираше удар од белата точка.
Славен Белупо е на шестата позиција со 27 поени, додека Вараждин е четврти со 29 бодови.