Неверојатно: Синер никогаш не победил во меч кој се играл повеќе од четири часа!
Не е тешко да се заклучи дека проблемот е физички. Синер повеќе пати покажал дека психолошки може да се носи со најголемите предизвици, но физичкиот елемент е дел од тенисот исто колку и ударите, па оправдувања нема.
Она што беше особено видливо во дуелот во Мелбурн, особено во последните два сета, кога се одлучуваше победникот, Синер изгледаше дека игра многу предвидливо, слично како во текот на летото во финалето на Ју-Ес Опен против Алкаараз кога самиот призна.

Истото се случи и против Ѓоковиќ, во вториот сет Италијанецот остана без идеја како да игра, како единствената цел да му била да го измори 14 години постариот противник со префрлување на топката, но тоа не е тактика со која се победува Ѓоковиќ во ваков важен меч.
За разлика од Ѓоковиќ, кој утре го чека нов, уште поголем предизвик, но веќе забележа подвиг за сите времиња, Синер ќе има тешки денови на преиспитување.