Заврши сезоната за Грилиш, но и сонот за Мундијал
Тренерот на Евертон, Дејвид Мојс, потврди дека Грилиш се здобил со фрактура на стапалото и за него сезоната веројатно е завршена.
„Џек ќе мора да оди на операција, иако тоа уште не е потврдено, веројатно ќе го немаме до крајот на сезоната“, изјави Мојс.
Со оваа повреда веројатно и згаснуваат надежите на Грилиш дека може да се избори за место во англиската репрезентација за Светското првенство наредното лето.