Премиер лигата е без конкуренција, Лигата на шампионите е доказ

Заврши првата фаза од Лигата на шампионите, по која најдобро поминаа англиските тимови кои издоминираа и дури пет од вкупно шест колку што имаа продолжија директно во осминафиналето.

Премиер лигата оваа сезона има шест претставници во Лигата на шампионите, пет преку пласман во домашното првенство, додека Тотнем обезбеди учество како освојувач на Лигата на Европа. 

Арсенал ја заврши првата фаза на првото место со максимални осум победи, Ливерпул е трет, Тотнем пријатно изненади и го освои четвртото место, Челси заврши како шести, додека Манчестер сити се пласираше на осмата позиција.

Единствениот англиски клуб под „цртата“ е Њукасл, кој ќе мора да игра во плеј-офот откако заврши на 12. место. Но и тие беа многу блиску до пласман помеѓу најдобрите осум бидејќи ги делеше само еден гол на гости кај ПСЖ (1-1).