Синер како брз воз го помина Шелтон и закажа спектакл во полуфиналето!

Јаник Синер без проблеми го совлада Бен Шелтон и закажа полуфинален дуел на Австралија опен со Новак Ѓоковиќ.

Синер ја оправда улогата на фаворит и работата во четвртфиналето ја заврши по два часа и 23 минути игра.

Италијанскиот тенисер мечот го доби откако направи по еден брејк во секој сет (6-3, 6-4, 6-4) Во полуфиналето, Синер ќе игра против Ѓоковиќ, кој денеска обезбеди пласман понатаму откако Лоренцо Музети поради повреда го предаде мечот и тоа во моменти кога водеше со 2-0 во сетови.

Вториот полуфинален пар на турнирот го сочинуваат Карлос Алкараз и Александер Зверев.

Фото: EPA