Невидено досега на ЕП: Паличка фати „жива“ топка од пенал (ВИДЕО)

Шведска има негатива по првото полувреме од дуелот со Унгарија, но воведните 30 минути го одбележаа атрактивните одбрани на голманите на скандинавската репрезентација.

Прв што се истакна беше искусниот Паличка кој на неверојатен начин одбрани пенал на противничката селекција.

Не само што не дозволи да прими гол, туку Паличка му фати „жива“ топка на Имре од линијата за седум метри, нешто што веројатно не е видено досега во ракометот.