Најбараниот тренер на Балканот пред премин во Бундеслигата
Шпанецот е подготвен да го напушти Целје, со кого испиша историја. Првично го водеше клубот во сезоната 2023/24, а потоа, по кратка епизода во Бордо, се врати во словенечкиот клуб во летото 2024 година.
„Да, во завршна фаза сме од преговорите со новиот тренер“, рече директорот, по што беше откриено дека станува збор за Риера.
Риера е најбаран тренер на Балканот во моментов бидејќи сите се фасцинирани од неговите методи на работа, како и од резултатите. Имаше понуда да стане селектор на Словенија, во потесниот круг на кандидати беше за селекторската позиција во Србија пред да биде назначен Вељко Пауновиќ, а се поврзуваше и со шампионите на Бугарија, Црвена Звезда и Лудогорец.
Со Цеље ја освои титулата и два словенечки купа, а обезбеди и историско место во Конференциската лига. Таму продолжи да испишува историја, обезбедувајќи пласман во плејофот, од 13. место на табелата, а ривал во плејофот ќе му биде Дрита од Косово.
фото: EPA photo