Адријано им се закани на измамници: Ќе ве најдам ако не ги вратите парите!

Легендарниот бразилски фудбалер, Адријан се најде во центар на внимание поради тоа што сајбер-криминалци успеале да ја измамат неговата мајка.

„Императорот“ објави видео на социјалните мрежи во кое откри дека е измамена неговата мајка. Измамниците го клонирале неговиот глас и ја убедиле да им уплати 2.400 евра на нивна сметка, поради што Адријано се налути и се закани.

„Со семејството не треба никој да си игра. Вратете ги парите или лично ќе ве пронајдам!“, кажа Адријано.

Полицијата во Рио веќе почна истрага за инцидентот, но очигледно Адријано нема да се смири додека не биде решен случајот.