Крај на тензиите во Мадрид: Арбелоа донел хармонија во соблекувалната!

Атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид значително се подобрила по промените во стручниот штаб. „Атлетик“ објави дека Алваро Арбелоа донел поголема хармонија и позитивна енергија меѓу фудбалерите, за разлика од периодот кога тимот бил под водство на Чаби Алонсо.

„Атлетик“ објави дека претходно постоеле одредени тензии и несогласувања, кои влијаеле на секојдневната динамика во соблекувалната. Со доаѓањето на Арбелоа, комуникацијата се подобрила, а односот меѓу фудбалерите и стручниот штаб станал поотворен и поконструктивен.

„Кралевите“ веруваат дека позитивната атмосфера може да има директно влијание врз резултатите на теренот, особено во клучниот дел од сезоната, со оглед на тоа дека Реал ќе води голема борба со Барселона за титулата во Ла Лига.

Фото: Facebook/Real Madrid