Дро ѝ „заби нож во грб“ на Барселона, но ПСЖ направи џентлментски потег!

Францускиот гигант ПСЖ го доби талентираниот Дро Фернандез од редовите на Барселона, откако младиот фудбалер реши да ѝ „забие нож во грб“ на каталонската екипа, по што парижаните направија џентлментски потег.

Дро претходно имал договорено продолжување на договорот, но неговиот менаџер Иван Де Ла Пена ја шокирал управата откако соопштил дека младиот фудбалер се премислил и решил да ја напушти Барселона.

Талентираниот фудбалер доби понуда од ПСЖ која веднаш ја прифати и потпиша договор до 2030 година, а парижаните решија да ѝ исплатат на Барселона многу повеќе отколку што било потребно.

Откупната клаузула на Дро изнесувала шест милиони евра, но ПСЖ на крајот платил 8,2 милиони евра поради добрите односи на претседателите на двете екипи, Насер Ал-Келаифи и Жоан Лапорта.

Фото: Facebook/PSG - Paris Saint-Germain