Се подготвува „бомба“ на Островот: Палмер ќе потпише за голем ривал на Челси!?
Веста ја пренесе и познатиот новинар Фабрицио Романо, што дополнително предизвика реакции на Островот затоа што Палмер е најголема ѕвезда на Челси, а сега би можел да потпише за еден од најголемите ривали на „сините“.
Палмер има договор со Челси до 2033 година, но наводно му недостига неговиот роден крај Витеншо, кој се наоѓа во Манчестер и често го посетува поради семејството и пријателите.
Младиот фудбалер оваа сезона беше стартер на 11 натпревари за „сините“ по проблемите со повреди.
Фото: Chelsea FC/Facebook