Најлуда лига на светот? Полската! (ФОТО)

Ако постои првенство каде на стартот од втората полуетапа сите екипи можат да ја освојат шампионската титула или да испаднат, тоа е полското.

Вакво нешто како што се случува во Екстракласа веројатно не е видено во историјата на фудбалот. Викендов се играше првото коло од вториот дел на првенството и ситуацијата дополнително се замрси, па претстојат 16 исклучително интересни кругови.

Како што сега стојат работите, бидејќи остануваат уште два меча од 18. коло кои можат да сменат многу, состојбата е максимално замрсена.

Разликата меѓу лидерот и последнопласираниот тим изнесува 11 бода. Актуелниот лидер ремизираше на последните пет меча и сепак прогресираше од третата на првата позиција. Лидерот и 13-пласираниот тим имаат идентичен број победи, а 13 екипи постигнале повеќе голови од првопласираниот тим. Екипата што се наоѓа на 13. место е најефикасна досега, последниот тим има четврта најдобра одбрана, а токму „фенерџијата“ е најславниот полски клуб во историјата со најмногу титули - 15.