„Водопад“ на новиот „Камп Ноу“ - силен дожд го оштети скапиот стадион (ВИДЕО)

Култниот стадион „Камп Ноу“ се реновираше од јуни 2023 година, поради што Барселона мораше да игра на други стадиони, но конечно новиот фудбалски храм беше пуштен во употреба во 2025 година.

Барселона се врати на крајот на 2025 година на стадионот, кој ги исполни сите безбедносни мерки, но очигледно реконструкцијата не беше најдобра, а тоа го покажаа последиците од силниот дожд.

Дождот го пробил покривот на стадионот за време на дуелот против Овиедо, па на трибините се создаде водопад.

За реновирање на стадионот беа потрошени речиси 1,5 милијарди евра, но резултатите не се најдобри.